Волонтери од Црвен крст на државен натпревар

Во сабота викендов ќе се одржи државен натпревар по прва помош во Кавадарци. Со вежба за укажување прва помош при одредена повреда ќе се натпреваруваат и волонтерите од Клубот на млади во општинската организација на црвениот крст Куманово.

-Темата на државниот натпревар ќе ја дознаеме малку подоцна.  Оваа година очекуваме да бидат или поплави или земјотреси бидејќи тоа е актуелно што се случи годинава.

Прва помош е нешто што треба барем по една личност од семејството да знае бидејќи видовме што се случуваше во изминативе денови, поплави, земјотреси, треба пред се да бидеме смирени, да се обидеме да ги  заштитиме луѓето околу нас а пред се самите себе си, зависно од повредата најчесто имаме панични напади така што треба да го тргнеме на страна да го смириме малку со вода, со разговор, процедура за срцев удар да го ослободиме од тесна облека за да му ги ослободиме дишните патишта со повлекување на рацете малку нананазад за да имаме слободно дишење, смирување и секако упатено прашање дали првпат се случува или не и итна медицинска помош која мора секогаш да ја повикаме, изјави Магдалена Бошковска, ОО на  Црвен крст – Куманово

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)