Волонтери со показна вежба во гимназијата

Десетина волонтери од тимот за прва помош во општинската организација на црвениот крст денеска преку показна вежба им дадоа упатства и насоки на гимназијалците како да постапат  и да помогнат на некој повреден во нивна близина од причина што првата помош е секогаш најбитна. Околу 200 средношколци од прва и втора смена во гимназијата „Гоце Делчев“   беа дел од активноста на активистите на црвениот крст од Куманово.

-Конкретно ќе ги покажеме повредите –страно тело во дланка, сомнителна повреда на вратен рбет и повреда на скочен зглоб , изјави Сара Милковска, волонтер

-Денеска учениците имаа можност да ја проследат показната вежба, а со самото тоа да стекнат знаења околу првата помош. Во мај месец секоја година нашите ученици од гимназијата учествуваат и на натпревари по прва помош, значи веќе имаме оспособени екипи за прва помош изјави Драган Илиевски , гимназија Гоце Делчев

Активностите на волонтерите од тимот за прва помош деновиве ќе продолжат и во останатите средни, но и основни училишта во градот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)