Вонредна седница на советот за загаденоста

Советот на општина Куманово на денешната вонредна седница за загаденост на воздухот  го задолжи  градоначалникот  и општинската администрација да изработат катастар на загадувачи на воздухот, план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух и краткорочен акционен  план за заштита на воздухот, но  усвои и препорака до министерството за животна средина и просторно планирање за поставување на дополнителна  мерна станица во градот со цел да се добијат порелевантни податоци за загаденоста. Двата заклучоци  се изгласаа после двочасовна расправа на советниците.

Опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ  и мнозинството во советот расправаа дека има загаденост без разлика дали е најголема или не во државата.

-Неколку дена се вели дека Куманово е најзагаден град , а податоците доаѓаат од релевантни институции. На кого да му веруваме на тие податоци или на вас , Изјави Мирослав Стојановски, ВМРО ДПМНЕ

Советниците се согласија дека загадувањето најмногу го предизивикува сообраќајот , како и користењето на огревни дрва за затоплување , но и дека  Куманово нема тешка индустрија .

Овлатениот инспектор за заштита на животна средина во општината, презентираше податоци кои укажуваат дека Куманово не е најзагаден град во државата.

-Ако ги погледнеме анализите ни на месечно ниво ќе видиме дека Кавадарци, скопскиот регион се позагадени од Куманово , изјави Бобан Бојковски,  овластен инспектор за заштита на животна средина

Утрово претставниците на политичките партии одржаа координација на која градоначалникот на  Куманово  рече  дека локалната администрација наредната недела ќе ангажира субјект  кој ќе изврши компаративни мерења на амбиенталнот воздух ,со што ќе се добијат податоци кои ќе послужат за правење нова студија која ќе покаже кој загадува и што треба да се преземе.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)