Вонредни мерки за намалување на аерозагадувањето

Советот на Општина Куманово донесе одлука за вонредни мерки со кои што ќе се намалува процентот на аерозагадувањето. Граѓаните доколку се во можност да користат еколошки исправни начини на затоплување, аеросолизација согласно временски услови, зачестено миење улици, интензивни акции за озеленување, еколошки акции за пошумување се само дел од препораките и итните мерки што ќе бидат преземени за надминување на проблемот со загаденоста на воздухот.

-Тоа значи помалку да се користи или воопшто да се исклучи доколку е можно загревање со јаглен кое е веќе и законски забрането, да се намали загревањето со огревни дрва, а да не зборувам и за  другите забранети средства бидејќи дел од несовесните граѓани палат и гуми и пластика и други материјали кои  емитираат штетни гасови во атмосферата кои потоа сите ги дишеме. Да не заборавиме дека Општина Куманово т.е. Советот на Општина Куманово уште минатата година донесе Програма за субвенционирање на сите оние граѓани кои што ќе се одважат да се приклучат во мрежата на гасификација и ќе бидат субвенционирани со извесен процент од цената на чинење на опремата која ќе ја вградат, изјави Атина Мургашанска, претседател на Совет на Општина Куманово

„Во мерките за намалување на аерозагадувањето се предвидува  и подигање на јавната свеста  кај граѓаните со организирање на кампањи, промоција и дистрибуција на промотивни летоци во кои не само што ќе се посочат  штетните влијанија од начинот на кој се загреваме и начинот на кој го користиме сообраќајниот превоз, туку од најмали нозе ќе ги учиме децата  како да рециклираат, како да го селектираат сметот и отпадот , како да не загадуваат и да ја заштитуваат средината бидејќи од заштитата на животната средина зависи здравјето, чистиот воздух и добрата иднина на сите граѓани“ , потенцира претседателката на Советот , Мургашанска.

-Кога сме веќе кај сообраќајниот режим и неговото влијание на аерозагадувањето во вонредните мерки е препорачано што повеќе да се оди пеш, да се користат велосипеди, да се користи јавниот превоз и такси превозот бидејќи сепак тогаш можат да патуваат повеќе патници со едно возило, а предвидовме и таква мерка во деновите каде што последователно ќе се случи голем степен на загаденост да воспоставиме ограничен сообраќаен режим во централното градско подрачје. Во соработка со сообраќајниот сектор во Секторот за внатрешни работи на МВР во Општина Куманово може да донесеме, доколку се процени дека е таква состојбата и ограничен сообраќај во одредени часови особено во шпицот кога се враќааат граѓаните од работа или во вечерните часови во централното градско подрачје, а нашите граѓани благовремено ќе бидат известени за кој опфат и за кои улици се работи, изјави  Атина Мургашанска , претседател на Совет на Општина Куманово

Со усвојувањето и имплементација на вонредните мерки, локалната самоуправа е свесна дека не може целосно да го реши аерозагадувањето, потенцирајќи дека за долготрајно и квалитетно решавање на проблемот потребна е Национална стратегија која Владата на РМ неодамна ја усвои и усвојување на четиригодишен План за заштита на амбиенталниот воздух на Општина Куманово кој е во подготовка.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)