Во Болницата се лекуваат 97 лица заболени од Ковид

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1581 и има околу 440 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Во болницата во Куманово се лекуваат вкупно 97 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Коментари

коментар(и)