Во Врање ќе се одржи голем маратон

Во Врање, Република Србија на 4-ти јуни за прв пат ќе се одржи манифестацијата полумаратон и маратон. Полумаратонот е на 21 километари, додека маратонот е на 42 километри. Покрај тоа ќе има и трка на задоволство која е на 3 километри, а љубителите на возење ролери ќе можат да ја покажат својата способност во должина од 7 километри. Организаторите упатија апел сите заинтересирани кумановци да се пријават да учествуваат на манифестацијата.

-Покрај наведените трка ќе има и една интересна трка со домашни љубители тоа е за најмладите учесници. Ги повикувам Македонците да се пријават и да учествуваат. Веќе преку 60 Македонци се пријавени, Атлетскиот клуб Врањски маратонци е чест гост на натпреварите во Скопје, Велес, Прилеп каде учествувавме до сега. Трката овозможува минување низ градот, се поминува низ сите заменитости по истата следи дружење во угостителските објекти, каде што македонците се чести гости и така-истакна Иван Станковиќ.

-Подготивме посета на туристичките дестинации куќата на Боро Станковиќ, музејот, Белиот мост, сите влезници за тие историски знаменитости ќе бидат бесплатни за гостите, подготивме и посета на соседни дестинации, планината Бесна кобила со оглед дека и планинарскиот дом го ставивме во функција така што ги повикувам сите граѓани на Македонија да бидат наши гости и тој ден покрај спортските манифестации да го доживеат и стариот дух на Врање и сигурно ќе им биде убаво ќе понесат убави спомени од нашиот град-нагласи Саша Иванов.

Пакетот за учество на маратонот чини 600 денари а во истиот е предвиден сертификат, медал, сувенир и е обезбеден ручек.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)