Во гимназијата започна Олимпијада по физика

Во гимназијата Гоце Делчев утринава започна третата меѓународна олимпијада по физика, на која учествуваат 124 основци и средношколци.  Учениците од Македонија, Бугарија и Србија се натпреваруваа во експериментална физика.

-Почнавме со 70 завршивме сега со 125 ученици, што значи дека физиката како експериментална наука е многу интересна за учениците, се надеваме дека  на овој натпревар кај некого од учениците ќе побуди интерес да студира на техничките науки, кои се основа за развојот на секое општество-наведе Стојан Манолев претседател на регионално здружение на физичари.

Учениците изразија задоволство што имаат можност да се дружат, да разменат искуства, но и да научат нешто ново. Професорот Тодор Мишонов од софискиот универзитет потенцираше дека кај младите постои желба за учење на оваа наука.

-Се бориме за совршенство на нашите ученици кои треба да бидат најдобри и ја организираме оваа олимпијада која освен што е проверка на знаење е и можност за учење на нови работи. Ние сакаме на нашите ученици да им дадеме добра можност -нагласи тој.

Натпреварот како и претходните години го организираат Софискиот клон  Здружение на физичари, Друштвото на физичари на Македонија и регионалното здружение на физичари од Струмица. Инаку претходните олимпијади по физика се одржаа во Гевгелија и Софија.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)