Во градинката „Развигорче“ одбележан Денот на здрава храна

Светскиот ден на здрава храна беше одбележан во објектот „Развигорче“ на градинката „Ангел Шајче“. Децата преку различни содржини се едуцираа за процесот на одгледување и конзумирање на здрава храна. На манифестацијата беше промовирано упатство за здрава храна подготвено од Министерството за труд и социјална политика.

-Цел на програмата е запознавање со процесот на одгледување на растенијата, карактеристиките на овошјето и зеленчукот преку воочување и вкусување, запознавање на децата со начин на правилно конзумирање на здрава храна,вели, Ленче Алексовска, одговорен воспитувач во „Развигорче“.

Присутните гости, родителите и децата ја посетија огранската градина во дворот на градинката. Децата учествуваа во собирање на  зеленчукови плодови, а потоа од нив подготвија салата.

-Покрај оваа активност во сите воспитни групи на ниво на објектот „Развигорче“ се реализирани повеќе активности за здрава храна, децата со учителките обработуваа песнички за овошје и зеленчук, имаше куклена претстава , а потоа цртаа по доживување, вели Алексовска.

Целта на манифетстацијата е децата од најмала возраст да разберат дека овошјето и зеленчукот се многу важни за нивниот раст и развој. По препорака на Министерството за труд и социјална политика во сите јавни установи низ државата се одбележува Националниот ден на здрава храна.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)