Во завршна фаза е постапката за јпп за осветлувањето

Во завршна фаза е постапката за јавно приватно партнерство за осветлувањето, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање. Тој се надева дека Куманово во скоро време ќе добие квалитетно и современо осветлување.

-Имаме поведено постапка за воспоставување на јавно приватно партнерство за јавното осветлување. Самата постапка има комисија составена од внатрешни и надворешни членови. Постапката е во завршна фаза досега се имаат јавено две фирми кои по електронски пат ќе се натпреваруваат кој ќе понуди подобри и поквалитетни услуги тој ќе биде првиот јавен партнер на општина Куманово. Сметам дека со оваа постапка Куманово ќе добие квалитетно, современо осветлување кое може брзо да се адаптира да влеземе во рамките на смарт сити проектите кои се актуелни во целиот свет-истакна Димитриевски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)