Во Занаетчиски дом утревечер гитаријада

Во Занаетчискиот дом утревечер ќе се одржи фестивалот „Гитаријада Куманово 2021“. Настанот го организираат Арт Атек и Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.  Ќе настапат Д.Н.О, Сашко Костов и Волтура.

-Art Attack го најавува третото возобновено изадние на кумановска гитаријада “Гитаријада Куманово 2021 “. Настан врежан во трајната меморија на кумановчани како една од ретките можности на кои што младите бендови имале можност да го презентираат нивниот звук. Сепак поради ситуацијата со COVID-19 гитаријадата ќе биде од ревијален карактер, велат организаторите.

Настанот започнува во 21 часот, а влезот за сите граѓани ќе биде слободен.

Коментари

коментар(и)