Во „Крсте Мисирков“ се подготвуваше зимница

Во основното училиште „Крсте Мисирков“, ученици Македонци и Албанци вчера подготвуваа зимница, што е во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Надлежните од Крсте Мисирков и партнер училиштето Битолски конгрес од Лопате истакнаа дека се задоволни од досегашната соработка.

-Станува збор за една подолготрајна активност која се одвиваше кон крајот на минатата и почетокот на оваа учебна година. Од повеќе активности направивме како презентација, хуман настан кој го поврзавме и со Црвен крст Куманово. Подготвувавме зимница и неа ќе ја подариме на социјално загрозени семејства, ќе ја дистрибуираме со помош на Црвен крст. Имавме работилница за рецепти за зимница па направивме готвач кој е тријазичен, на македонски, албански и англиски јазик. Изготвивме заеднички флаери, постери и денеска со кратка приредба го презентираме сето тоа-посочи педагог, Сузана Денковска при ОУ Крсте Мисирков.

Надлежните на двете училишта се надеваат дека дружбата и соработката помеѓу децата од двете националности ќе продолжи и во иднинал.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)