Во Куманово има доволни количини на инсулин

Акции за мерење на нивото на шеќер во крвта во централното градско подрачје, населените места но и селата, со акцент во училиштата, предавања на различни теми, одбележување на Светскиот ден на заштита од дијабетeс, како и еднодневни рекреативни прошетки, се дел од активностите кои се предвидени во програмата за 2018 на Здружението на дијабетичари од Куманово. Ова беше истакнато на денешната седница на Собранието на Здружението, на која беа усвоени финсискиот извештај, но и се изврши избор на нови членови на Собранието, како и нов претседател. На местото на досегашниот претседател Зоран Бојковски, доаѓа Никола Арсовски.

-Благодарност до колегите што ме избраа, ќе се потрудам програмата за оваа година да биде остварена и надополнета зависно од финансиите и останатите можности. Со активностите на здружението се зголемува и свеста на граѓаните со самото мерење, екскурзии кои што ги организираме во текот на годината, се надевам дека ќе има поголем интерес кај луѓето да бидат членови, да се активни-посочи Арсовски.

На седницата присуствуваше и актуелниот претседател на Сојузот на дијабетичари на Македонија, Бојан Киров, кој посочи дека кумановското здружение е едно од поактивните на ниво на државата. Тој потенцираше дека државата се уште се соочува со недостаток на одредени типови на инсулин  во неколку градови, што пред се, се должи на акциите кои што ги преземаат надлежните институции, односно контролата којашто ја врши Агенцијата за лекови. Киров се надева дека овој проблем наскоро ќе биде решен.

-Од една страна тоа е добро Аганцијата за лекови што ги прави контролите и проверките на сите серии на инсулини што влегуваат во државата, меѓутоа од друга страна тоа прави еден застој, кочење во дистрибуцијата и како резултат на тоа доаѓа до недостаток на инсулин. Тука Министерството за здравство мора да преземе посериозни чекори во поглед на законската регулатива, законот да се редефинира и на компаниите кои што вршат увоз на инсулин да им се наметне обврска за многу поголеми колични проверени, сигурни квалитетни но и да ги има во доволни колични да се почитува онаа законска обврска за создавање на резерви-потенцираше Киров.

Што се однесува до Куманово, во моментов во Центарот за дијабет има доволни колични на инсулин, а надлежните ги повикаа пацинетите коишто имаат одредени проблеми директно да им се обратат. Од таму информираа дека набавката не зависи од нив, туку од Фондот, но воедно и апелираат до дијебетичарите да не прават злоупотреби.  По средницата присутните присуствуваа на предавање на тема Рана превенција на артериска циркулација на долни екстремитети кај дијабетичарите, кое го одржа докторката Даниела Тодоровска Јовановиќ од Здравствениот дом Куманово.

-Ние тоа го  работиме во Здравствен дом Куманово во континуитет пет години, имаме доста компликации при дијабет, и затоа сакаме да направиме предавање да ги запознаеме за рана превенција на заболените како можат да дојдат кај нас во нашата здравствена организација и како ние навремено да им обезбедиме заштита рана превенција да не дојде до компликации кои се потешки за пацинетите-истакна докторката.

На седницата беше донесена одлука нов член на Собранието да биде актуелната директорка на општата болница, Снежана Захариевска, која посочи дека како менаџер на оваа здравствена установа ќе се заложи за обезбедување на потребните количини инсулин.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)