Во Куманово повеќе бракови отколку разводи

Според податоците од Државниот завод за статистика, бројката на склучени бракови на ниво на Општина Куманово во второто тримесечие од годината е зголемена, додека бројката на разводи бележи значителен пад. Во првото тримесечие на 2015 година биле склучени 126 бракови, а евидентирани се 18 разводи. Додека во месеците април, мај и јуни склучени се 222 нови бракови, а регистрирани се 13 разводи.

Само за споредба, во Општина Липково, бројката на нови бракови е зголемена скоро за три пати, а за исто толку е намалена бројката на разводи. Што значи, ако во првите три месеци биле склучени 32 бракови, во вторите три истата бројка изнесува 101, а разведен бил само еден брачен пар, за разлика од првите три месеци  биле разведени 3 пара.

Во Општината Старо Нагоричане, во второто тримесечие, биле склучени пет бракови, што е повеќе во однос на трите кои биле склучени во текот на првите три месеци,а во тој период се нема разведено ниту еден брачен пар.

На ниво на државата пак, бројот на склучени бракови во почетокот на годинава е зголемен за 8,2%, во споредба со истиот период минатата година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)