Првото бебе во Новата 2016 година во Куманово е машко. Тоа е тешко 2.900 грама, а долго 50 сантиметри. Инаку бебето е прво дете на дваесет и седумгодишната Марија Ѓорѓиевиќ од Речица.
-Родив синче за нова година, прво бебе, се уште нема име, чекаме од кумот да ни го каже името-изјави среќната мајка.
Началникот на акушерското одделние, доктор Нисо Тасов потенцираше дека и бебето и мајката се во одлична состојба.
-Бебето е родено половина час по полноќ, со царски рез, индикацијата е јасна, пролонгирана бременост, детето е машко, 2 кила 990, 50 долго, со абгар 9-10 многу витално, мајката е добра, така што цела ноќ поминавме со веселба, но и потешка работа, таква пациентка ни беше, но ние секогаш се радуваме што тие се добро. Ова не е темпирано време со царски рез да се роди, ние сакавме и пред 12 да биде, бидејќи таква беше состојбата, но поради анестезиолошки причини, жената јадела, пиела, а треба да поминат 6 часа од следниот оброк и така го детето храневме и после тоа се подготвувавме-нагласи тој.
Секретарот на локалната самоуправа, Валентина Алексовска, заедно со останати претставници на општината, на првотородено бебе во новата 2016 година му подари златник.
-Пред се да им ја честитам Новата година на сите граѓани на Општина Куманово, да им посакам берикет, среќа успех и мир што е најважно во општианта, и државата. Оваа година традиционално претставници од општината, дојдовме да го посетиме новороденчето да му посакаме здравје и среќа. Во име на градоначалникот, советот, на администрацијата им посакуваме успех здраје среќа и што поскоро малиот да си добие братче или сестриче-изјави таа.
Новороденчето и мајката освен од општината добија подароци и од општа болница Куманово. Минатата 2015 година кумановската болница бележи намалување на бројот на новороденчиња, односно се родиле околу 1.500 бебиња.