Во кумановската болница се лекуваат 93 пациенти од Ковид 19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1052 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

На  инфективното одделение во Куманово се лекуваат 93 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Треба да се земе во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.744 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)