Во кумановската болница се хоспитализирани 100 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1013 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 90 пациенти. Во Тетово има 43, во Велес се лекуваат 101 заболен, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 132, во Гостивар 37, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 26, во Кичево 40, Кавадарци 67 и Гевгелија 22.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели низ земјава е 1699 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите. Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)