Во недела дерби Куманово – МЗТ Скопје

Во недела во 19 часот во Спортската сала Куманово, ќе се одигра големото дерби помеѓу КК Куманово и МЗТ Скопје. Одлуката за продолжување на натпреварувањето на денешниот состанок ја донесе Управниот одбор на КК Куманово.
Со оваа одлука, е разрешена драмата да се бојкотира натпреварувањето, бидејќи КК Карпош Соколи не е пререгистриран во акционерско друштво.

Управата на Куманово ги повикува љубителите на кошарка и граѓаните да дојдат на натпреварот во што поголем број и заедно со играчите да извојуваат уште една победа на домашен терен.

Коментари

коментар(и)