Во недела ќе се одржат три атлетски трки

По повод празникот на градот, „11-ти Ноември“ и јубилејот пет века Куманово, Атлетскиот клуб Кумaново, заедно со општински Сојузот на спортови и Сојузот на училишен спорт, организираат три улични трки, кои ќе се одржат во недела во централното градско подрачје. Стартот на трките ќе биде од олимписката чешма, а истите се наменети за различни возрасти и категории. На првата трка која ќе започне во 12 часот, а е од ревијален карактер, ќе настапат околу 100 деца од основните училишта.

-Сите ученици што ќе учествуваат ќе добијат маица, благодарница, едноставно нема да има прогласување на најдобар. Се надеваме ќе настапат што повеќе националности, ученици со посебни потреби, ментори со нив, да го постигнеме оној ефект на дружба по тоа ќе продолжиме на плоштад, ќе има  манифестација од забавен карактер со танцови точки, музика една кратка програма-истакна тренерот на Атлетскиот клуб, Филип Колевски.

Во 12 и 30 часот ќе започне натпреварувачката трки за ученици од основните и средни училишта од градот, а половина час подоцна е и главна трка во сениорската категорија.

-Ќе имаме категории од шесто до деветто одделение и средни училишта,  машка и женска посебно, најдобрите ќе ги прогласиме со дипломи и медали односно најдобрите три од секоја трка.  Во 13 часот ќе започне главната трка во машка и женска конкуренција во сениорска категорија која е од отворен карактер, ќе настапуваат атлетските клубови од државата, ќе видиме засега немаме пријавено можеби ќе има и од надвор од другите држави и таа ќе се трча во кружен тек машките трчаат пет километри или три кругови околу центарот а женските ќе трчаат два круга односно три километри и 200 метри и за нив ќе има прогласување и парични награди. Прогласувањето ќе се врши од 13 и 30 до 14 часот за сите најдобри-истакна Колевски.

Организаторите се надеваат дека кумановци ќе покажат интерес за оваа спортска манифестација и со тоа ќе придонесат за уште позначајно одбележување на празникот.

Коментари

коментар(и)