ВИДЕО: Во недела ќе се одржи фестивалот „Филмај“

Фото кино клуб Козјак Куманово информира дека третиот меѓународен фестивал на краток филм „Филмај“ ќе се одржи во недела, во Центарот за култура.

Фестивалот беше одложен поради денови на жалост за несреќата во Тетово.

Програмата останува иста, ќе се прикажат 10 кратки филмови во времетраење од 2 часа и 40 минути.

Настанот е планирано да започне во 19 часот. Влезот е бесплатен, но согласно важечките здравствени протоколи.

Коментари

коментар(и)