(ВИДЕО) Во ОУ „Христијан Карпош“ запишани 113 првачиња

Во основното училиште Христијан Карпош во Куманово во тек е уписот за првачињата. Во централниот објект кој се наоѓа во населбата Перо Чичо досега документи доставиле родители на 82 дечиња, во Иго Тричковиќ 22, а во Тромеѓа 9. Од училиштето информираат дека очекуваат уште дечиња до почетокот на учебната година.

-Во централното училиште само 2 деца се од ромската националност, но по реонските списоци имаме околу 30-ина деца кои треба да се запишат, сигурно ќе имаме бројка од 130 до 140 ученици во прво одделение. Толку се и по реонскиот список, оваа година имаме мало преместување на наши ученици 2-3 поради преселување во други училишта. И сум задоволна од бројката. Ќе може да се компелтираат 7 паралелки колку што имаме и во прво одделение-истакна директорката Лидија Костиќ.

Надлежните од Христијан Карпош велат оваа учебна година иако започна со задоцнува, сепак е успешна. Од 1157 ученици, 380 следеа настава со физичко присуство.

-Учениците беа редовни доаѓаа на училиште, имаше повремени подолги отсуства поради заразени во семејство, инфицирани учителки, одеа на онлајн настава меѓутоа без проблем од почеток до крај се реализираше. Онлајн настава имавме проблеми со обезбедување на уреди, затоа што таков е составот на нашите ученици од социјално загрозени семејства од ромска популација така што училиштето направи напори балгодарени на невладини организации, општината, и донатори-нагласи Косиќ.

Училиштето досега обезбедило вкупно 90 таблети.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)