Во Пелинце се одбележа Илинден

Со пригодна свеченост во Пелинце, се одбележа 71 година од Првото заседание на АСНОМ и 112 години од Илинденското востание. Пред меморијалниот центар, цвеќе положија делегации од Собранието, Владата, кабинетот на претседателот, генралштабот, Сојузот на борци, општините Куманово, Старо Нагоричане, Град Скопје, претставници од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и останатите политички партии, како и бројни граѓани.

Пред присутните се обрати претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, кој истакна дека Илинден е најголемото што и се случило на Македонија и затоа тој подеднакво силно се однесува на сите, без оглед на нација, религија, политичка партија. Тој додаде дека државата покажала дека има капацитет да се носи со тежината на проблемите што произлегуваат од нејзината самостојност.

Вељановски повика на соработка и дијалог меѓу политичките партии, бидејќи верува дека до крајот на летото ќе се отвори нова демократска перспектива. Инаку тој нагласи дека не постои друг начин, освен дијалогот за решавање на пречката за македонските евроатлантски интеграции, кои остануваат приоритет.

И останатите високи функционири истакнаа дека 2-ри август е значаен празник за граѓаните, бидејќи тогаш се поставени темелите на македонската државност. Граѓаните кои што дојдоа од сите градови на Македонија, велат дека настојуваат Илинден да го прослават во Пелинце. Инаку освен во Пелинце, денеска Илинден се одбележа и во Крушево и Скопје.

slika trajko

sliak s

slika cic

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)