Во „Перо Наков“ се одржа новогодишен базар

Во средното економско училиште Перо Наков денеска се одржа новогодишен базар. Присутните имаа можност да купат различни новогодишни производи, кои ги создале учениците заедно со наставниците. Тие истакнаа дека се задоволни од продажбата.

-Нашите ученици подготвија производи кои што ги продаваме по симболична цена, на чело со професорката Гордана Ж ние секогаш пред Нова година ја подготвуваме оваа манифестација. Најмногу еден месец ги правевме, може да најдете различни видови на украси почнувајќи од флаши, елки, новогодишни венчиња, честитки и слично. Денеска ни е прв ден многу сме задоволни веќе и се продадоа поголем дел од производи-посочи Николај Павловски, ученик во Перо Наков.

Новогодишниот базар е традиција во ова училиште. Средствата ќе се искористат за потребите на училиштето.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)