Во петок ќе се отвори изложбата „Кумановски графичари 2021“

Во петок со почеток во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се отвори биеналната изложба на графики „Кумановски графичари 2021“.

На изложбата ќе учествуваат академските графичари: Зоран Јакимовски,  Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски,  Ханифе Ислами,  Александар Стефановски , Милена Арсовска,  Валентина Илијевска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Стефан Анчевски и Дејвид Стоилковски.

Изложбата содржи дваесеттина графики од најновата продукција на гореспоменатите графичари, работени во повеќе графички техники.

Изложбата на графики “Кумановски графичари 2021“ и покрај бројните проблеми со графичката продукција и сложените услови на делување во пандемиска криза сепак ќе ги израдува љубителите на графиката и ќе биде промовирана во Изложбениот салон на НУ Центар за култура.

Изложбата ќе биде поставена до 09-ти декември, а потоа ќе биде презентирана пред љубителите на графиката во Неготино.

Коментари

коментар(и)