Во подготовка поставката „Црно и бело“ на Ана Трајковска

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток со почеток во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Црно и бело“ на академската графичарка Ана Трајковска.

Изложбата е магистарски труд и е составена од принтови на најлон, изведени во големи формати (site-specific инсталација, составена од 56 парчиња со вкупна должина од 116 метри) и претставува дел од најновото творештво на Трајковска којашто пак за прв пат се претставува пред кумановската публика.

Aна Трајковска е родена 1995 година во Скопје а е Дипломиран графичар во класата на проф. М-р. Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 12.05.2021 а посетата ќе биде организирана во согласност со препорачаните здравствени протоколи.

Коментари

коментар(и)