Во „Порака наша“ се учат работни вештини

Лицата со интелектуална попреченост кои што престојуваат во дневниот центар „Порака наша “ преку тренинг- обуки ќе се подготвуваат за нивното вклучување на пазарот на трудот. „ Ако пред десет години со нив разговаравме како да се одржува лична хигиена и  како да се грижат за себе, денес  зборуваме  за тоа кои работни вештини да ги развиваме и кои работни места би можеле да ги изберат во иднина “ вели социјалниот работник Светлана Милеска Димитриевска.  По десетгодишно  работење со корисниците резултатите се евидентни, меѓусебно подобро се разбираат и  сите се трудат да дадат максимум од себе.

– Програмата на дневниот центар значително ќе ја надградиме во наредниот период со вклучување на професионалната рехабилитација како дел од програмата на дневниот центар бидејќи мислиме дека голем дел од нашите корисници со соодветна обука и тренинг можат да усвојат одредени работни вештини со кои шти би биле конкурентни на пазарот на трудот, изјави Светлана Милеска Димитриевска, социјален работник

Покрај стандарните активности, практичните, социјалните, во дневниот центар програмата постојано се надградува зависно од желбите и можностите на лицата со интектуална попреченост, посочуваат надлежните.

-Тие се тие што се двигатели на активностите, кога некоја активност им досади  со тек на времето самите гледаме дека треба нешто да промениме, дека треба да внесеме некои новини во работата на дневниот центар. Многу е битно лице со интелектуална попреченост да ги извлечеме од дома. Социјалната средина е многу важна во процесот на нивното интегрирање . доколку средината е таа што ги мотивира што ги помага што ги гледа нивните можности и способности и нивниот развој ќе  оди побргу и во позитивен правец. За разлика нели често велиме хендикепот не го прави самиот хендикеп туку го прави средината во која што децата за жал живеат, изјави Светлана Милеска Димитриевска, социјален работник во „Порака наша“.

Стручниот тим од педагог , психолог,  дефектолог и социјален работник пет денови во неделата работи на нивната социјализација и оспособување за самостоен живот во иднината.  Дневниот центар го посетуваат 21 корисник над 18 годишна возраст. Иако многу е поголем бројот на лицата кои што имаат потреба од социјализација и престој во ваков дневен центар , за жал просторните можности не дозволуваат вклучување на поголем број на корисници на услугите на „Порака наша“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)