Во сабота авионско прскање против комарци

Авионско прскање против комарци ќе се изврши на територијата на Општина Куманово во сабота, на  16 јуни годинава , информираат од локалната самоуправа.

Како што стои во соопштението, третирањето против комарци ќе се изврши во раните утрински часови.

Се известуваат пчеларите да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолните временски услови, истото се одложува за наредниот ден, стои во дописот од Секторот за информирање при Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)