Во сабота ќе се одржи ноќна атлетска трка

По повод празникот на градот, „11ти Ноември“, Општински сојузот на спортови заедно со Атлетскиот клуб Кумaново,  организира ноќна улична трка која ќе се одржи во сабота во централното градско подрачје, со почеток во 18 и 30 часот. Тренерот на Атлетскиот клуб, Филип Колевски истакна дека стартот на трката ќе биде на градскиот плоштад, кадешто и ќе заврши натпреварот.

-Покрај главните трки машка конкунреција на 5 километри и женска на три километри ќе се одржат и трки за ученици за основни и средни училишта. За основни ќе имаме две категроии шесто и седмо одделение ќе трчаат посебна кратка трка 400 метри, а осмо и деветто одделение ќе настапат на малку подолга трка 600 метри и се разбира средните училишта ќе имаат трка таа како најдолга 800 метри. Релацијата ќе биде во правец на улицата од Серава најмалите а постарите од кај Рим Париз, па по булеварот, се до плоштадот0-наведе тој.

Организаторите истакнаа дека интересот е доста поголем за разлика од минатата година. Тие инфомираа дека во трките ќе учествуваат и натпреварувачи од другите градови од државата.

-Мислам дека оваа година повеќе луѓе се известени, повеќе луѓе ќе учествуваат. Започнува во 18 часот со ученичките а главната трка започнува во 18 и 30 часот бесплатна пријава, учество во сите категории, ова е единствената трка во Македонија од оние што се маратони, полумаратони, планински, што е дозволено учество и на рекреативци што е без партиципација, додаде Колевски.

Првите пет најдобри во машка и првите три во женска конукренција ќе добијат парични награди. За време на натпрварите улиците по кои ќе трчаат атлетичарите, ќе бидат затворени за сообраќај.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)