Во сабота ќе се одржи Фолклорна смотра

„Панче Пешев“, „Карпош“, „Етно фолк студио“, „Бајрам Шабани“, „Рушит Шакир“, „Српски вез“ и „Срма“ се културно уметничките друштва, кои ќе учествуваат на Фолклорна смотра, која ќе се одржи во сабота со почеток во 19 часот. Манифестацијата која ја организира Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, со поддршка на градоначалникот и Советот, е во чест на одбележување 500 години Куманово. Планирано е да учествуваат над 300 играорци.

-Тие ќе се претстават со своите песни и ора од своите етнички заедници, каде ќе го покажат колоритот и мултикултурализмот на општина Куманово.  На први јуни во сабота од три страни ќе се сретнат културно уметничките друштва, ќе се сретнат пред Центарот за култура, каде ќе има една централна манифестација на плоштадот, а пред да почнеме манифестацијата ќе се направи едно дефиле-истакна Цоки Ристовски, Сектор за култура, Општина Куманово.

-Сакаме да биде традиција во Куманово, и секоја година сите културно-уметнички друштва кои работат, творат во нашиот град да го покажат она што го знаат и умеат и на некој начин таа шареноликост и музичка и етномузиколошка и фолклорна да ја покажат на нашите сограѓани и на сите што го сакаат фолклорот, играњето. Покана до сите наши сограѓани да бидат дел од оваа манифестација, први јуни 19 часот, претходно рековме за дефилето низ градот, на сите учесници на фолклорната смотра ве канам да дојдете да бидеме дел од ова убаво фолклорно доживување-дополни Нино Величковски, директор Фондација за култура и спорт.

Организаторите истакнаа дека е настанот доколку дозволат временските услови ќе се одржи на градскиот плоштад, но во случај на врнежи, ќе биде преместен во Центарот за култура.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)