(ВИДЕО) Во североистокот досега имунизирани над 21.000 граѓани

Продолжува масовната вакцинација во Куманово. Во регионалниот вакцинален пункт досега се имунизирани над 21.000 граѓани. Од Здравствениот дом информираат дека се тече во најдобар ред, масовно се имунизираат и наставниците од основните и средни училишта од регионот.

-Досегашниот тек на вакцинација во нашиот пункт се одвиваше и течеше во најдобар ред. Досега се вакцинирани граѓани од регионот, од повеќето општини. Ги вклучивме и наставниците од средните и основните училишта кои беа доста заинтересирани да се вакцинираат-нагласи Монализа Мемети, докторка Здравствен дом Куманово.

И од училиштата потврдуваат дека интересот за имунизација е доста голем. Од гимназијата „Сами Фрашери“ веќе се вакцинирале над 90 проценти од наставниот кадар. Тие се надеваат дека од септември наставата ќе започне со физичко присуство, иако согласно протоколот ќе имаат проблем, бидејќи училиштето располага со само еден влез.

-Има технички проблеми, со влезот, излезот но само заради тоа не можеме да кажеме дека не можеме да почнеме настава со физичко присуство. Со сите капацитети, наставници и техничкиот персонал ќе направиме подготовка во септември наставата да почне со физичко присуство. Воглавно ние ќе ги исполниме условите да почнеме настава со физичко присуство-дополни Абдула Муадини, заменик директор гимназија „Сами Фрашери“ Куманово.

Од вакциналниот пункт во населбата Бедиње посочуваат дека во моментов располагаат со вакцината Синовак за прва доза и ревакцина со Фајзер и АстраЗенека. Дополнуваат дека засега немало нус појави, освен локални реакции на местото на убод, можеби оток, црвенило.

Сите граѓани треба да ја испијат редовна терапија, да продолжат да ја пијат ако земаат некоја терапија, нема некоја контраиндикација, да ја користат како и секој ден.  Недамна во Здравсвениот дом Куманово започната е и теренската вакциниација и досега доста се реализирани теренски вакцинации за луѓето кои не можат да дојдат тука-нагласува Мемети.

Од овој пункт информираат и дека се имуниузирани и лица со посебни потреби, вработените во кумановскиот театар, Управата за јавни приходи, ЕВН, и општината.

 

Коментари

коментар(и)