Во Стари лозја нема асфалт, водовод и канализација

Мештаните на месноста Стари лозја, која е дел од населбата Перо Чичо, со години се без основни услови за живот. Тие немаат улично осветлување, асфалт, ниту пак канализациона и водоводна мрежа. Токму ова прашање на вчерашната седница на Советот на Општина Куманово го покрена советеникот од коалицијата за подобра Македонија, Ашмет Османовски. Според него овие луѓе се заборавени од локалната самоуправа.

-Имаат патеки кои сами ги направиле со движење, но тоа што загрижува е што се создава дива депонија, што од смет и од шут со кој и тие патеки се затвораат. Дали општината ќе даде налог на јавното претпријатие тој шут и смет да се изнесе од таа месност-наведе Османовски.

Одговарајќи на прашањето, градоначалникот Зоран Дамјановски нагласи дека проблемите во Стари лозја се исклучително тешки, затоа што се работи за урбана експанзија на дивоградби кои се од енормни размери.

-За да направиме патен приод мора да го решиме канализациона и водоводна структура, водовод има нешто диво приклучување, каналот е не можен, имаме сериозна узурпација на простор.Таму не е можно две коли да се разминат а имаме куќи над 100.000 евра изградени со ковани огради, има инвестиција која е надвор од секакви урбанистички-нагласи Дамјановски.

Нагласи дека и покрај неколкуте акции за чистење несовесните граѓани повторно продолжуваат да фрлаат смет и шут.

-Живееме во време кога треба да ги решиме комуналните проблеми, но тоа се решава во билатерален договор, помеѓу локалната власт и населението. Искористен е простор заради легализација на диво изградени објекти узурпација и проблемот е на врвот. Не знам во нареден период како ќе се справиме но таму ќе мора да поведеме-нагласи тој.

Додава дека поради тесниот пат  пристапот на возилата на јавното претпријатие Чистота и Зеленило е значително отежнат.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)