Во текот на изминатата недела во Куманово има над 1.000 активни случаи

Вкупно 503 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела. Тоа е значително зголемување во однос на неделата претходно кога биле регистрирани вкупно 425 нови случаи.

Раст бележи и бројот на починати лица. Во изминатата недела битката со вирусот ја загубија 15 лица, а во претходниот седумдневен пресек имало 11 починати лица.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во среда, вкупно 116 лица, а најцрни денови од изминатата недела според бројот на починати се понеделник и петок, кога како последица од компликации предизвикани од Ковид-19 починале по тројца пациенти.

Досега оздравени во Куманово се вкупно 5.843 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Вкупно 249 пациент од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 7.170 случаи позитивни на коронавирусот со што е на третото место во државата според бројот на заразени.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)