Во тек се активностите за изградба на салата во „Наце Буѓони“

Изградбата на новата училишна спортска сала во средното техничко училиште Наце Буѓони е во тек. Општина Куманово согласно склучениот договор со Министерството за образование и наука, почна со изведување на градежни активности за подготовка на теренот за изградба.

Договорот е  склучен со Министерството за образование и наука со чии средства ќе се  се гради училишната сала, а  општината презеде обврска да обезбеди подготовка на просторот каде што е предвидена изградбата на салата.

Обврска на општината  е да се  порамни и  подготви теренот за поставување на темелната конструкција да се обезбеди дотур на вода и сите други енергенси и да изгради  пристап  до објектот. 

Општината претходно, издаде и градежна дозвола за изградба на салата која е финансирана од Владата, преку Министерството за образование и наука.

Според најавите се очекува до крајот на годинава да биде изградена оваа  спортска сала во чија блиизна е и атлетското игралиште.

Претходно во Куманово беше изградена спортската сала во средното стручно училиште „Перо Наков“, каде наставата се изведува на албански наставен јазик.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)