Во училиштата ќе се изучува ромски јазик

Во основните училишта „Христијан Карпош“, „11-ти октомври“, „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“од оваа учебна година започнува изучување на ромскиот јазик, како изборен предмет или како странски јазик. На тој начин освен што ќе се врати во употреба овој јазик, на децата од трето одделение ќе им се даде можност и да се запознаат со својата култура и историја. По тој повод утринава во „Христијан Карпош“ се одржа манифестација, со која свечено е одбележана оваа нова законска измена.

Според директорката Лидија Костиќ со изучување на овој јазик ќе се подобри квалитетот на образованиот процес, ќе се намали нередовноста кај децата Роми.  Наставничката Елвира Мустафова, раскажа дека во моментов имаат само по еден час. Инаку во Христијан Карпош каде се образуваат 1247 ученици, 100 се Роми.

-Интересот е многу голем, децата имаат желба, сакаат да работат, среќни се бидејќи нов предмет, јазикот си го изучуваат има многу зборчиња што не ги знаат. Стекнуваат навика да дознаат кое е нивното знаме, химна, бидеќи тие не знаеа дека имаме химна и знаме, учебници-нагласи таа.

Невладините организации изразија задоволство што по толку години е воведено и изучување на ромскиот јазик.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)