Во ФК Куманово Еуроспорт гостуваше Џота од Србија

Фудбалски Клуб Куманово Еуроспорт со гостувањето на Никола Милошевиќ –Џота, познат фристајлер од Србија, викендов го одбележа големиот успех, пласманот во супер лигата. Раководството на клубот организираше настан на кој можеше да присуствуваат бројни граѓани. Специјалниот гостин пред присутната публика, ги покажа своите вештини со  фудбалската топка. Инаку Џота, кој  по втор пат е гостин на клубот се надева дека фудбалерите на Еуроспорт наредната година ќе постигнат уште поголем успех.

-Мило ми е што повторно дојдов во Куманово, особено зошто бев и минатата година и можеби им донесов среќа да се пласираат во супер лигата токму со моето доаѓање.  Морам да кажам дека навистина не го очекував ова кога дојдов и сега кога дојдов втор пат се е многу подобро организирано не ни можев да очекувам од домашниот клуб некој да направи ваква организација, навистина е многу добро. Порака за сите нив е следниот пат кога ќе дојдам да бидат шампиони во супер лигата-истакна тој.

Сопственикот на клубот и најзаслужениот за големиот успех, Александар Маневски истакна дека е задоволен од остварените резултати, кои им се дополнителен мотив.

-Направивме голем успех, досега само еден клуб успеа пред нас, ние сме втор клуб што од трета лига се пласира во втора а потоа и во супер лига, тоа е огромен успех, да им честитам на сите играчи, на младинците, кадети, пионери, сите се заслужни за тоа, се собираат сите поени, се прави рангирање каде Пелистер беше пред нас само 2, поени ние избегавме на Тетекс и сите имаа сите четири генерации придонес, голем успех Куманово како град претходно само Милано беше во супер лига сега сме ние-посочи тој.

На свечениот дел беа доделени многубројни признанија и благодарници на заслужните членови на клубот, но и за останатите соработници кои се нераскинлив дел од клубот.

Коментари

коментар(и)