Во Центарот за Култура вонредна крводарителска акција во Вторник

Општинската организација на Црвен крст од Куманово во соработка со Заводот за трансфузиологија, во вторник од 9 до 15 часот, организира вонредна крводарителска акција во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.

Тие ги повикуваат сите крводарители заеднички, преку највисокиот чин на хуманоста – крводарувањето, да помогнат да се зајакнат резервите на крвни единици, кои периодов бележат надолен тренд.

„Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Нема ризик за добивање на ковид-19 преку процесот на крводарување, бидејќи респираторните вируси не се пренесуваат преку дарување или со трансфузија на крв“, соопштуваат од Црвен крст Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)