Во Центарот за култура изложба „1000 години Бигорски манастир“

Во центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од денеска е поставена изложбата, која е по повод 1000 години Бигорски манастир. Настанот е во рамки на проектот на Ансамбл Македонија. Љубителите на уметноста во Куманово имаат можност да видат реплики на икони, фрески и плаштеница.

-Прикажани се 8 олтарни икони, две чудотворни икони, 2 тронски икони, три икони од 16-от век, еден капак од Кивот од Светите Мошти, 1 Плаштеница и два фрескоикони. Мораме да нагласиме дека сликите се реплики на икони и фрески, и се прикажани во нивната големина. Целата изложба е наменета по повод 1000 години од Бигорскиот манастир-истакна Денис Синадиновски, кореограф, етно кореолог во Центарот за култура Куманово.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена и наредните 10-ина дена, а влезот е слободен, но согласно мерките за заштита.

-Ова е изложба по повод 1000 години од Бигорскиот манастар, ги повикуваме кумановци да дојдат од петок, да ја погледнат оваа изложба ќе биде отворена следниве 10 дена. Очекуваме дека ќе има интерес во Куманово, ова се интересни, уметнички дела, кои што се изложени во Бигорскиот манастир-нагласи Сашо Тодоровски, директор НУЦК Трајко Прокопиев.

Изложбата 1000 години Бигорски манастир досега беше промовирана на фестивалот Илинденски денови во Битола, а подоцна прикажана и во Центрите за култура низ Кавадарци и Неготино.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)