Во Центарот за култура утре со почеток во 19 и 30 часот, ќе се одржи настан насловен „Разговори со Горјан Петревски“. Настанот е по повод 2-ри април Светскиот ден на литературата за деца. Присутните ќе имаат можност преку разговор со авторот да се запознаат со неговото творештво и воопшто да се истакне важноста и потребата од литература за деца.
Литературата за деца е предизвик за секој автор бидејќи таа овозможува формирање на еден сериозен „читател“, кој ќе ги изразува своите ставови, мислења па дури и самиот ќе твори. Потребата да се оформи идниот читател, да се развие креативноста и имагинацијата, да се негуваат и пренесуваат вредностите е од особено значење.
Горјан Перевски е автор чии книги се вистинско непроценливо богатство.
На настанот се предвидуваат различни активности (читање, цртање и раскажување) во зависност од настанатата состојба и желба на присутните.
Проектот е подржан од Министерство за култура.