Во центарот на градот ќе се промени режимот на сообраќај

Поради поставување на монтажна бина-сцена за изведба на културно уметничка програма, по повод претстојниот празник на градот, 11-ти Ноември, наредните три дена на улицата „Гоце Делчев“, односно на дел од улицата покрај градскиот плоштад, ќе се смени режимот на сообраќајот. Монтажната бина ќе се монтира вечерва, а сообраќајот ќе биде нормализиран во утринските часови на 11-ти Ноември (понеделник).

-Во тој дел од улицата нема да биде дозволено движење на моторни возила, се со цел да се овозможи поголем број на граѓани да ги проследат овие настани, а воедно бината која ќе биде поставена ќе се користи и за одржување на други дневни активности поврзани со денот на градот. Една од активностите е и градската кружна трка-истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Куманово со бројни културни и спортски настани ќе ги одбележи 75 години од ослободувањето и 500 години постоење на градот. Меѓу нив, овие три дена ќе се одржат и настапи на повеќе  локални, македонски и балкански изведувачи во вечерните часови, меѓу кои и на Некст Тајм, Џенан Лончаревиќ, Лепа Брена. Угосителите за време на празничните денови ќе можат да работат два часа подолго, по пртеходно донесената одлука на Советот на општината.

Коментари

коментар(и)