Во Љубодраг промовирани игрите на среќа на Лотарија

Жителите на Љубодраг денеска имаа можност да се запознаат со игрите на среќа кои што ги нуди Државната лотарија на Македонија. Беа промовирани инстант лозовите Биди вип, вози Џип, Сеф, Златна треска, Златна Рипка, Дијамант, Аладинова лабма, Сеф и многу други.  

-Добив замена на лозот, па да го сменам. Ако добијам автомобил ќе го возам, па ќе го продадам. Ако добијам еден милион денари ќе ги потрошам во Македонија- истакна еден Црногорец, кој уживаше во игрите на среќа.

Со мештаните на Љубодраг во текот на денот се забавуваше и добропознатото лице на Државна лотарија, Маријана Станојковска.

-Денеска по повод празникот Света Троица сме во Љубодраг подготвени да донесеме многу среќа од игрите на среќа, со нашите инстанти од богатата понуда на инстант лотаријата. Ние сме овде и драго ми е што се дружиме со верните играчи на игрите на среќа-истакна таа.

Со купување на три грепки, мештаните на Љубодраг учествуваа и во наградна игра на Државната лотарија на Македонија.

Коментари

коментар(и)