Вработени кумановци преку Твининг проект на ЕУ

13 кумановски занаетчии се вработија преку твининг проектот поддржан од ЕУ „Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведување на активни мерки на пазарот на трудот и услуги“.  Тие  денеска ги добија сертификатите за успешно завршената  5 -месечна обука.  Проектните раководители  сметааат дека е возможно да се развијат и спроведат иновативни активни мерки за вработување заедно со регионалните социјални партнери.

-Во Куманово најдовме одлична соработка со нашите партнери од Центарот за вработува но и со невладината органзиација ДРОМ  која што го спроведуваше проектот, заеднички успеавме да развиеме мерка во која што без вклучени кандидатите кои што всушност  се  наш главен интерес денеска изјави Аксел Бургер, експерт на Твининг проектот

Надлежните од Центарот за вработување се задоволни што преку проектот се вработени лица од дефицитарните кадри на пазарот на трудот во Куманово,  заварувачи, чевлари, молери.

-Луѓето се веќе вработени и мислам дека проектот успешно е завршен што ќе даде свој придонес во намалување на невработеноста во општина Куманово, изјави Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување во Куманово

Овој пилот проект што се реализираше во 4 општини меѓу кои и во Куманово се покажа како добар модел дека можат заедно да работат  државните инститиции и невладините организации и да се постигнат одлични резултати, велат од  ДРОМ. 

Твининг проектот кој завршува во мај месец , го финансирал здобивањето со професионални вештини со околу 10.000 евра. Покрај Македонија, партнери во процесот на соработка во твининг проектот се Сојузна Република Германија и Литванија.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)