Второ пријавување за средните училишта во јунскиот рок

Во средните училишта во градот денеска се спроведе второто пријавување од јунскиот рок за упис во прва година во учебната 2017/2018.  На првото пријавување, спроведено на 28-ми и 29-ти минатиот месец во средното техничко училиште Наце Буѓони се пријавија 244 ученици за настава на македонски и 256 за настава на албански наставен јазик. Од нив условите ги исполнуваат 139 ученици на македонски и 148 на албански јазик. По завршување на првото пријавување во ова училиште останаа слободни места за 157 Македонци и 156 Албанци.

-Денеска доаѓаат повторно учениците кои ги исполнуваат условите сега по намалување на поените според она што ни е дозволено по конкурсот за оваа учебна година што значи ќе влезат уште некои ученици ќе бидат запишани а останатите ќе може да се запишат во август доколку останат слободни места. Имаме комисија за прием на документи, комисија за рангирање се се одвива според предвидената динамика задоволни сме и денеска од заинтересираноста на нашето училиште, очекувам така и да заврши овој упис земајќи го во предвид и августовскиот уписен рок-посочи директорката Лидија Михајловска.

Таа потенцираше дека најголема заинтересираност кај идните средношколци е за здравствената струка. Додаде дека и за овој рок останува учениците да ги исполнуваат условите со 70 поени.

-Освен здравствена струка имаме голем интерес и за електротехничката струка, за насоката електротехничар за компјутерска техника и автоматика како и што знаеме и тоа е едно од актуелните занимања во ова време, не можам да се пожалам и за интересот за останатите струки за машинската струка имаме мошне актуелни профили техничар за компјутерско управување, машинско енергетски техничар, електротехничар, енергетичар сето тоа се профили кои се актуелни во моментов и за кои навистина има побарувања на пазарот на трудот од стопанството тука можам да ја истакнам нашата соработка со стопанството-додаде таа.

Уписот денеска се спроведе и во средното училиште Перо Наков, каде според објавениот конкурс од Министерството за образование и наука, во прва година ќе се запишат 714 ученици во 21 паралелка. Таму учениците може да се одлучат за две струки, економско правна трговска струка и текстилно кожарска.  510 ученици во прва година ќе се запишат во средното стручно училиште „Киро Бурназ“ , во 11 паралелки со настава на македонски јазик  и 4 паралелки на албански наставен јазик  според наставните планови и програми за: Земјоделско – ветеринарна струка Хемиско – технолошка струка , Лични услуги и Машинска струка .

Во гимназијата Гоце Делчев има 374 слободни места во десет паралелки на македонски наставен јазик и една паралелка на српски јазик. Учениците ќе можат да се определат за три подрачја,  јазично-  уметничко подрачје комбинација а и б, општествено -хуманистичко подрачје а и б и  природно- математичко подрачје а и б.

Третиот уписен рок е на 24-ти август, но училиштата кои нема да ги пополнат слободните места ќе може да запишуваат ученици до крај на август. Вкупно во кумановските средни училишта можат да се запишат околу 2500 ученици. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени утре .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)