„Вук Караџиќ“ со проект за интегрирано образование

Наставници од основните училишта Вук Караџиќ и Наим Фрашери, минатата недела присуствуваа на еднонеделниот тренинг-семинар кој се одржа во Крушево, вo рамки на проектот за поддршка на интегрирано образование. Семинарот е наменет за контекстуална обука за изградба на мир и наставници и стручни соработници. На обуката од основното училиште Вук Караџиќ присуствуваа тројца наставници, меѓу кои и професорот по македонски јазик, Николче Јакимовски. Тој посочи дека во проектот се вклучени 22 училишта на ниво на државата.

– Проектот ќе се одвива низ неколку фази ова беше само првата, до крајот на годината не очекуваат уште неколку фази а конечната реализација на проектот е во април следната година. Ова беше како еден тренинг семинар во кој ние низ работилници развивавме разновидни активности. Можеме да го имплементираме во наставата тоа беше навидум како игра тренинзи за развивање на свеста, солидарноста, дискриминацијата и т.н оние фази кои водат кон поуспешно одвивање на мултикултурниот процес во Република Македонија-нагласи тој.

Тренингот го воделе обучувачи од Здружението Мировна акција.

-Ние сме веќе вклучени во мултиетничкиот проект како Министерство за образование така што овој проект е само поддршка на истиот кој ќе се одвива и кој ќе придонесе кон подобар соживот со учениците од различна етничка припадност –додаде тој.

Главна цел на проектот е поддршка на интегрирано образование, продолжување на мултитничкиот проект во училиштата, градење на соживот што ќе даде придонес кон мирот и стабилноста на државата. Истиот финаниски е поддржан од делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)