Вчера во Куманово напишани 74 казни за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (07.04/08.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 94 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 74, во Крива Паланка 13 и во Кратово 7.

За истите, како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период не се регистрирани непочитувања на забраната за движење.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)