Вчера над 100 казни за брзо возење во нашиот град

Вкупно 134 казни во текот на вчерашниот ден биле напишани на територијата на Куманово на возачи што возеле над дозволената брзина, информираат денеска од полицијата. –

Во текот на вчерашниот ден (25.04.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина повеќе од дозволената на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 815 возачи. Од нив, 170 на територијата на СВР Тетово, а 134 се движеле над дозволената брзина на територијата на СВР Куманово, стои во соопштението на МВР.

Засилените акциски контроли, додаваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Коментари

коментар(и)