Вчера се вакцинирале речиси 13 илјади граѓани

Вчера во земјата вкупно се вакцинирале 12.994 граѓани, а прва доза вакцина примиле 11.220 граѓани, со што бројот на вкупно аплицирани дози вакцини достигна 542.699, а на ревакцинирани 220.884, информира Министерството за здравство.

Заклучно со вчерашниот ден на вакциналните пунктови во државата вакцинирани се вкупно 321.815 граѓани. Со последните бројки, пак, 52% од населението над 70 години примиле барем една доза вакцина, 49% од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 43% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Коментари

коментар(и)