В сабота ќе се одигра претставата „ Приказна за една шума“

В сабота со почеток во 17 часот, ќе се одигра претставата „Приказна за една шума“, во НУЦК  „Трајко Прокопиев“.

Преставата е за најмладата публика и зборува за подигнување на свеста за заштита на животната средина околу нас.

Во претставата играат актерите Матеј Стојковски и Никица Јанковски.

Костимографијата е на Дарко Илиевски, а сценографијата на Крсто Богојевски.

Билетите се во продажба од денеска на билетарата во Центарот за култура. Цената на билетот е 50 денари за деца, а 100 денари за возрасните.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)