ГДУ: Целосна реформа и итна инвестиција во здравството

Рационализација, консолидација и целосна реформа, но и итна инвестиција во сите здравствени сектори во државата се предвидува во програмата на Граѓанско -Демократска унија за предвремените парламентарни избори. Потпретседателот на ГДУ и носител на листата во ИЕ 2, д-р Енсер Јусуфоски смета дека кумановската Општа болница која што опслужува пациенти од повеќе општини има потреба од итна интервенција односно нова реконструкција и адаптација на нејзините ресурси за новонастанатата ситуација со пандемијата.

-Како што е на централно ниво, така и на локално ниво потребите од креирање на посебни политики и имплементирање на истите на локално ниво, самата децентрализација доведува општината според нејзините потреби да направи пренамена или инвестирање во оние сектори каде што има потреба. Пример, да не биде општата болница во Куманово само транспортен центар или такси центар до Скопје, значи да си ги увиди своите човечки ресурси, технички можности и персонал и другите инвестициски можности т.е како ние со овие човечки ресурси, овие технички можности подобро да реагираме на овие предизвици и предизвиците во иднината, изјави Енсер Јусуфоски, потпретседател на ГДУ и носител на листата во ИЕ 2

Носителот во втората изборна единица од ГДУ, Јусуфоски посочува дека и во време на пандемијата, пациентите не заболуваат и не умираат само како резултат на компликации од вирусот ковид -19, туку има и хронични и други болести кои што бараат соодветен третман, заради што неопходна е реформа и серизна инвестиција во здравствениот систем во нашата држава.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)