Георгиевска: Сите стечајци ќе бидат обештетени

Успешно се реализира Законот за обештетување на стечајците, нема никакво доцнење, истакна претседателката на УНИТ, Лилјана Георгиевска. Таа посочи дека на ниво на државата месечен паричен надомест веќе земаат 6500 стечајци. Нагласи дека се уште се праќаат решенија, а се надева дека од наредниот месец оваа услуга ќе ја користат уште 1600 лица. Георгиевска дополни дека во Куманово месечен надомест засега користат 600 стечајни работници.

-За оние 1600 што очекуваат се надевам дека наредниот месец ќе можат да аплицираат затоа и е продолжен законот до 20-ти октомври, поради тоа што дадовме сугестија да се разгледа за оние фирми каде што е променет матичниот број да можеме да искористиме тие стечајни работници што останале до крај во таа иста фирма, ако можеме и нив да ги вметнеме во тој закон, зависно од буџетот. Тука е застојот се надевам дека ќе успееме-изјави таа.

Претседателката на стечајните работници посочи дека нивната бројка изнесува над 30.000, но тука се вклучени и помлади лица, лица кои немаат 15 години работен стаж и слично. Дополни дека прават напори со надлежните да се обештетат што поголем број стечајци.

Што се однесува до најактуелната тема во државата, Георгиевска истакна дека заеднички став на раководството и стечајците е на претстојниот референдум да излезат и да гласаат за. Додаде дека гласањето не е заради СДСМ и Зоран Заев, туку за подобар живот.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)