Германец протеран од Македонија поради обид за швер на дрога на ГП Табановце

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец јули 2017 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 3 кривични пријави против 3 физички лица и 1 правно лице.

Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Криумчарење“, и „Фалсификување исправа“. Две од нив се за обиди за шверц на граничниот премин Табановце.

До ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против лицето Ф.М. државјанин на Германија кој на 18.07.2017 година како патник во патничко моторно возило со германски регистарски ознаки, се пријавил на влез во Република Македонија на граничниот премин Табановце. Откако бил селектиран за претрес од страна на царинските службеници, пријавениот од џебот на панталоните извадил најлонска кесичка наполнета со прашкаста материја со бела боја и ја ставил во наслонот помеѓу двете задни седишта.

Ова го забележале царинските службеници и ја пронајдоа кесичката, а по извршено вештачење на прашкастата материја, утврдено е декаистата преставува кокаин со вкупна нето маса од 4,25 грама. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во Основен суд Куманово кој донесе пресуда врз основа на предлог спогодба со која обвинетиот е огласен за виновен и му е изречена условна осуда – казна затвор од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетиот во наредните 4 години не стори ново кривично дело. На обвинетиот му е изречена и казна протерување на странец од земјата во траење од 10 години.

До ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против лицето О.А. државјанин на Македонија кој на 22.07.2017 година со своето патничко моторно возило се пријавил на влез во Македонија на граничниот премин Табановце. По извршена контрола на возилото, била пронајдена една хартиена салфетка облепена со бела селотејп трака, во која бил сокриен златен накит (една женска огрлица, еден пар женски обетки и четири женски нараквици), со втиснати жигови. Вкупната вредност на непријавениот накит изнесува 306.234, 00 денари (или 5.500 швајцарски франци), видно од фактурата за купени накит која била издадена од продавачот со седиште во Цирих, Швајцарија на име на купувачот сега пријавениот О.А.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)