Матурските прослави традиционално се најубавите случување во нашиот град кои се одбележуваат во месец мај секоја година. Генерацијата матуранти 2014/15 од гимназијата „Гоце Делчев“ синоќа го прослави завршувањето на средното образование во еден од кумановските ресторани и се простија од училиштето. Секоја генерација има свој белег и претставува иднина на земјата, оваа генерација се засноваше на пријателство и единство, велат професорите од Гимназијата.
-Оваа генерација ќе ја помнам по интелегенција, по начинот на кој се снаоѓаат во одредени ситуации кога треба знаат и кога треба ескивираат. Додека поранешните генерации имаа поинаков кодекс на однесување повеќе страв и повлеченост, вели Соња Алексовска, професор по психологија
Професорите се надеваат дека нивните ученици ќе бидат успешни во животот исто како што биле и успешни гимназијалци.
– Оваа е генерација на млади и перспективни луѓе и јас во нив гледам идни лекари, инжинери,политичари и секако успешни граѓани во нашата држава, вели Драган Ивановски, заменик директор на Гимназија „Гоце Делчев“.
Стокмени по најнова мода и со насмеани лица, идните академски граѓани во позитивна атмосфера ја одбележаа матурската вечер. Се забавуваа заедно со своите професори кои испратија уште една генерација, спремни да дочекаат нови.